МКГ: Државниот апарат е корумпиран од владејачката партија

by Фокус

Меѓународната кризна група, која во минатите две децении имаше забележително учество, секогаш кога Македонија беше во некаква криза (2001 на пример) во најновиот извештај констатира дека е нужно да има преодна влада за излез од кризата.

„Државниот апарат е заробен и корумпиран од водечката политичка партија, а вооружената пресметка во Куманово се става во контекст на регионалната стабилност, па заедно со кризата околу владината легитимност, се сметаат како фактори што можа да доведат до насилства во земјата“. Пишува во извештајот.

МКГ сугерира дека оние кои се одоговорни за справување со незаконитости, всушност и самите се вмешани во нив.

„Таквите сознанија произлегоа од објавените ленти од прислушувањето, кои откриле дека владини личности планирале да ги попречуваат изборите, да манипулираат со судовите, да ги контролираат медиумите и да ги казнуваат непријателите”, пишува во извештајот на МКГ.

Затот, според МКГ Европската унија треба да притиска за постигнување на сеопфатен договор, кој ќе вклучи воспоставување привремена влада од сите главни политички партии која ќе ги спроведе сите барани реформи што ќе доведат до кредибилни избори.

МКГ предлага решенија за надминување на политичката криза:

-Транзициска влада, со соодветно членство на сите главни партии, со главна цел да имплементира реформи за кредибилно избори во Април 2016- особено за гласачките ливчиња, еднакво покривање на медиумите и злоупотребите на власта за партиски цели.

-Формирање на две независни комисии – А и Б, со овластувања да бараат активна експертска помош од ЕУ, САД и други- првата- А, ќе ја следи работата на транзициската влада, а втората- Б, ќе ги истражува лентите од прислушувањето, како и истрага околу криминалите и корупцијата.

-Транзициската влада треба да функционира се додека комисијата што ја следи нејзината работа- Комисија А, не оцени дека се создадени услови да се одржат фер избори, бенчмарковите дека се сработени и се додека не се покаже дека има напредок во имплементацијата.

-МКГ предлага да се обезбеди рамноправна застапеност на Албанците на јавните функции, фер застапеност на инвестициите од Владата во албанските области и почитување на рамноправноста на јазикот.

-Што се однесува до настанот во Куманово, МКГ предлага заедничка македонско-косовска истрага со асистенција на европски и американски агенции и подобрување на билатералните односи на Скопје и Приштина, за да се избегнат идни безбедносни ризици.

Поврзани новости