СДСМ: Груевски постојано се премислува за да избега од обврските од пржинскиот договор

by Фокус

Проектот Вистината за Македонија го разобличи вистинското лице на Никола Груевски и неговите соработници, тие точно знаат што правеле и тоа е нивната најголема болка.

„Затоа Груевски најавува дека ќе се повлече, па се предомислува дека нема да се повлече, затоа е колеблив со министерствата што ги дава, па не ги дава за преодната влада, затоа сака да избега од обврските што ги презема со 2-ро јунскиот договор. Со заклучоците на Извршниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ директно потврди дека го кршат договорот од 2-ри јуни на којшто се обврза Груевски лично со својот потпис. Груевски во договорот на 2-ри јуни се согласи на организација на влада којашто треба да спроведе фер и демокртаски избори, но потоа се исплаши токму од тие фер и демократски избори и затоа се обиде да го одолговлекува преговарачкиот процес. Сега Груевски е збунет дека е фатен во неговото сценарио и повеќе од јасно е дека е многу исплашен“, реагира СДСМ.

За СДСМ се нагласува во соопштението, преговорите се неуспешни и како што најавивме, ќе продолжиме со проектот Вистината за Македонија и интензивно, со сите средства што ни стојат на располагање за враќање на слободата и демократијата во Република Македонија.

Поврзани новости