„На ден 19.12.2023, Основното јавно обвинителство испратило допис со барање за достава на материјалите од работата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија од Собранието“, напиша на Фејсбук пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
Мизрахи, која е претседателка на Анкетната комисија за Онкологија вели во објавата„бидејќи мандатот на Анкетната комисија е истечен, како поранешен претседател и поранешен нејзин член, испратив допис до Претседателот и Генералниот Секретар на Собранието укажувајќи дека е потребно да постапат по барањето на ОЈО во рокот предвиден со истото.
Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината ТАКВА КАКВА ШТО Е.
Се понатаму е во рацете на Обвинителството“.