Објавен е тендер на Арсовска за новогодишни пакетчиња од 12.200 евра, но не и за украсувањето

by fokus

Иако скопската градоначалничка Данела Арсовска упорно тврди дека е склучен тендер за новогодишното украсување на градот, сепак таа не го објавува, а истиот не е објавен ниту на сајтот на Бирото за јавни набавки. Таму ги има сите претходни договори на градот, за минатите украсувања, но не и годинешниот.

На сајтот, пред неколку дена е објавен тендер на Град Скопје склучен на 15 декември, но за новогодишни пакетчиња.

Според објавениот документ Арсовска набавила 550 пакетчиња, за вкупна цена од 12.200 евра. Или секое пакетче чини по 1.300 денари. На пријавениот тендер учествувал само еден понудувач, кој и ја добил зделката.

Арсовска претходно изјави дека новогодинешното украсување чини 30.000 евра.

-Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици, напиша вчера Арсовска на фејсбук, но повторно не го објави склучениот договор.

Таа ги објави само договорите од минатите години.

Од Обвинителството вчера посочија дека доколку Управата за финансиска полиција не постапува, тие ќе отворат предмет за случајот.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости