535
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се извини за неуспехот на властите во борбата против катастрофалните пожари.
-Размерите на штетата ни ги кршат срцата. Се извинувам за загубите што ги претрпевте. Целосно ја разбирам болката на нашите сограѓани додека ги гледаа нивните запалени куќи и имот. Ќе ги откриеме сите пропусти и никој нема да избега од одговорност – рече Мицотакис.
Премиерот вети дека владата ќе стои покрај сите жртви и одобри 500 милиони евра за регионите Евија и Атика во близина на Атина.