Трајановски: Во мое време порасна платата на пожарникарите

by fokus

Додека бев градоначалник, во 2010 година им ја покачивме платата на пожарникарите за 10 проценти, а потоа уште еднаш за 5 отсто, но и тоа не беше доволно, вели поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, коментирајќи ги обвинувањата дека поради него пожарникарите имале ниска плата.

„Заедно со синдикатот на пожарникарите изготвивме измени на законот за пожарникарство и донесовме нов Колективен договор меѓу синдикатот и градот Скопје. Тоа создаде услови за пожарникарите да ја добијат потребната плата што им следува. Со доаѓањето на Шилегов, голем дел од пожарникарите своите права за плата ги добиваа по судски пат. Правилникот кој е изготвен од градот Скопје е едностран акт кој не ги решава проблемите на пожарникарите во целост и не ја добиваат потребната плата“, напиша Трајановски.

Тој побара градската власт навремено да го организира и да го стави во мобилна состојба Штабот за заштита и спасување на Град Скопје за да се справат со пожарите.

Поврзани новости