841
Мислам дека постои општ договор меѓу европските земји дека е многу тешко, речиси невозможно, да одиме на втор целосен карантин, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Athens Democracy Forum 2020“, јави МИА.
-Прашањето е можеме да живееме со вирусот, а во исто време да ја одржиме економската нормалност, без целосен карантин и без да се собира голем притисок врз здравствениот систем? Мислам дека сѐ уште никој го нема одговорот, бидејќи имаме пред нас три или четири тешки месеци. Се надевам и оптимист сум дека нема да биде потребно да донесеме подрастични мерки од овие што ги имаме – порача Мицотакис.