Мицотакис: Ќе го почитувам договорот од Преспа ако го ратификува грчкиот парламент

by Фокус

Иако опстојува на ставот дека договорот од Преспа е неприфатлив поради признавањето на македонската нација и јазик, лидерот на Нова Демократија Кирјакос Мицотакус во интервју за „Зидојче цајтунг“ вели дека ќе го почитува договорот ако биде ратификуван во грчкиот парламент.

– Јасно кажав дека не сметам дека овој договор е добар. Нова демократија ќе гласа против, кога и да дојде за гласање. Но очигледно, ќе треба да го почитувам како национална обврска на Грција, доколку биде ратификуван од грчкиот Парламент – вели тој.

Според него, мнозинството Грци го отфрлаат договорот, особено во северна Грција.

-Стотици грчки фирми го користат терминот „Македонија“ за своите производи. Немаше да ни пречи доколку речевме дека јазикот кој се зборува во Скопје е славо-македонски, но не македонски – нагласува Мицотакис.

Лидерот на грчката опозициска партија напоменува договорот ќе биде прифатен на претстојниот референдум во земјава.

– Јас не посакувам референдум, но надворешно-политичките прашања мора да ги решава Парламентот. Тоа треба да не натера да размислиме. Господинот Ципрас не не консултираше ни за овој случај. Тој сака да ја искористи темата за да ја подели мојата партија, но јас не ја играм неговата игра – порача Мицотакис.

Поврзани новости