Мицотакис побара нови избори, иако Нова Демократија победи на парламентарните избори во Грција

by Fokus

Лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис денес потврди дека нема да се обиде да направи коалициска влада и покрај тоа што освои најмногу гласови на парламентарните избори што се одржаа вчера, но му недостасуваат неколку пратеници за да има мнозинство.

Со преброени 99,70 отсто од гласовите, Нова демократија има 40,79 отсто и 146 пратенички места, пет помалку од мнозинството, победувајќи во 58 од 59 изборни единици во земјата. Сириза доби 20,07 отсто и 71 место, додека Пасок се најде на третото место со 11,46 отсто. Излезноста беше 61%.

Тој во рамките на мандатот за формирање Влада, што го доби од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, телефонски разговарал со претседателите на партиите кои обезбедија влез во Парламентот и ги информирал за намерата новите избори да бидат на 25 јуни.

Партијата на Мицотакис освои двојно повеќе од второпласираната СИРИЗА и речиси четирипати повеќе од гласовите на третопласираната партија ПАСОК.

Мицотакис разговарал со претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас, со претседателот на ПАСОК Никос Андролакис, со генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцубас и со претседателот на Грчко решение Киријакос Велопулос.

Поврзани новости