378
Преку видео објавено на Инстаграм, претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света гора планирана за викендов.
-Прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена. Денеска се тестирав за Ковид и сум позитивен – вели Мицотакис.