Зоран Заев не може да се прикажува како европеец и европски политичар кога е фатен на дело како бара поткуп, а претходно е аболиран за случај тежок 8.5 милиони евра, туку тој е обичен криминалец, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во говорот од Кичево.
-Не може да велите дека сте за ЕУ кога ги гушите основните слободи и права. Ако се побуните против сечата на дрва ќе ви пратат багери да ве газат, како оние на Водно, ако политички опонирате со аргументи одма се монтира случај и ве викаат на распрашување, ако си ја сакате државата, веднаш ќе ве опфатат со случајот за 27-ми, па може и терорист ќе ве направат. Во ЕУ нема друг случај каде пратеници, уметници и обични луѓе се во затворите и одговараат за тероризам кој не се случил, нема друга опозиција која не е толку жестоко под притисок со загрозени права и слободи. Во Европската Унија нема афери, тендери од по 35 милиони евра кои ќе се доделуваат на фирми штотуку регистрирани, ниту пак тендери кои како ланец се префрлаат од ќерката директор, на таткото бизнисмен, или пак криминални иновации кои се параван за делење на државни пари на приватни фирми на луѓето од власт – рече Мицкоски.
Според него, во ЕУ може да се влезе и без капитулантски договор, но не можете да се влезе со училишта без кров, болници без кревети, ниту пак со корумпирани институции.