Истоварил 14 мигранти среде автопат, па продолжил да бега од полицијата

by Фокус

На автопатот Гевгелија–Скопје, во близина кај селото Прдејци вчера полицијата забележала патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти.

Според полицијата, возилото со голема брзина се упатило во правец кон Скопје, па застанало после клучката Миравци, каде 14 мигранти излегле од возилото, а возачот продолжил со движење.

По кратко време, полицијата го сопрела возилото и утврдила дека го управувал Р.Ф. (41) од скопско Сингелиќ, кој бил лишен од слобода.

Поврзани новости