Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, по завршувањето на привот дел од денешната лидерска средба, истакна дека владејачкото мнозинство ги прифатило нивните позици за формирање на техничка влада што ќе ги организира изборите, нов модел на финансирање на партии од буџетот и враќање на стариот концепт на избор на членови на Државната изборна комисија со двотретинско мноизнство.
-Со тоа се гарантира успешен изборен процес кога и да се организираат изборите, а опозицијата ќе се чувствува комотно со концептот на техничка влада која ќе овозможи сигурност и стабилност. Законот за финансирање на политичките партии е голем исчекор кон зголемена отчетност и транспарентност на партиите и ќе превенира злоупотреби во иднина – рече Мицковски.
Тој додаде дека во продолжението на средбата ќе разговараат за референдумот што треба да се оддржи за договорот со Грција, како и за формулацијата на референдумското прашање.