Заев: Требаа многу нерви и трпение на овие лидерски средби, продолжуваме да преговараме за референдумот

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, даде кратка изјава среде преговорите во Клубот на пратеници, во која рече дека лидерите едногласно се договориле денеска да завршат преговорите. Како тие ќе завршат, додаде тој, зависи од учесниците на преговарачката маса.

Заев рече дека прифатено е со законски измени пред секои парламентарни измени да се формира влада по моделот на пржинскиот договор и дека останува лидерите да се договорат за референдумот.

-За овие три лидерски средби требаа нерви, трпение и многу мудрост. Јавноста треба да знае. Пруживме рака и разбирање, но имаме и почит кон нашиот неприкосновен принцип. Пред потпишувањето на договорот со Грција, беа прифатени услови за избор на ДИК, уште пред лидерските средби работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го усоглсија текстот на нов закон за финасирање на политичките партии со предлозите на опозицијата. Прифативме да се направат законски измени кои ќе овозможат техничка  влада да ги спроведува парламентарните избори во иднина согласно формата која што ја имаше пржинската влада – рече Заев.

Тој додаде дека следно за што ќе се преговара е како ќе гласи прашањето за референдумот, неговиот карактер и датумот.

-Ова го правиме како владејачко мнозинство заради важноста на овој процес. Продолжуваме понатаму. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ – рече Заев.

Тој најави дека ќе одговари на новинарски прашања на следната прес конференција која ќе се одржи по завршување на лидерската средба.

Поврзани новости