436
Гемералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во интервју на телевизија 24 кое се емитува вечерва вели дека тој разговарал со Крсто Мукоски, кој му го кажал дека не давал инструкции на толпата која упадна во Собранието на 27 април, и додаде дека тоа е само перцепција на водителот.
На прашања поврзани со разговорите од бомбите, Мицковски одби да одговара.
-Не сакам да коменирам разговори кои се нелегално стекнати. Немаме потврда ни дали се автентични. Тоа ќе почекаме да завршат судските процеси, рече Мицковски.
За генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, нормално е во ситуации како упадот со Собрание, Чавков да комуницира со партискиот лидер.
-Логично е во такви ситуации министри да комуницираат со партиски лидери, смета Мицковски.