411
Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски по средбата со премиерот Зоран Заев која траеше час и половина, изјави дека разговарале за повеќе актуелни теми во кои ги презентирале своите аргументи и ставови и додаде дека нормално било тие да се разликуваат.
Одговарајќи на новинарското прашање дали по неговото назначување за претседател на партијата, таа ќе се реформира во политичката реторика, Мицкоски рече дека во иднина промените ќе бидат забележливи.
Мицковски инфомираше дека партијата во моментов се координира, а во текот на утрешниот ден ќе соопшти дали пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието.