„Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неприфатлива и штетна мерка од која ќе загубат граѓаните, но и ќе преставува товар за приватниот бизнис, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
– Иако тврдиме дека ситуацијата е пресериозна и далеку од розева, од една страна, секојдневно слушаме како владата се фали дека економијата оди добро, од друга страна кога станува збор за пензискиот фонд тврдат дека има недостаток на пари. Вистината е дека оваа влада не умее да менаџира со парите на граѓаните. Пари има почитувани, потребни се капитални инвестиции и сериозен пристап. Постојаната старосна граница за пензионирање е во рамките на просекот на европските земји и целосно одговара на демографските карактеристики- тврди Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема да се согласат со зголемување на старосната граница за пензионирање.