Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот Александар Николоски, генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името Метју Нимиц.
-На средбата претседателот Мицкоски ги афирмираше официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името. Тој посочи дека разговорите треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата. На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека од нивна страна било истакнато дека решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси и да не го загрозува националниот идентитет на Македонците.