425
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски вечерва во интервјуто на телевизија Телма рече дека не се сеќава и не знае како било во минатото во однос на апсењата и притворите додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
Тој одбиваше да одговара на прашањата за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и велеше дека не сака да зборува за минатото, туку сака да гледа во идината.
Мицковски рече и дека ја нема слушнато „бомбата“ во која Миле Јанакиески бара од денеска избраниот генерален секретар на партијата, Игор Јанушев, да обезбеди 100 лични карти.