Мицковски: Европа и Светот прават стратегија како да го скршат ВМРО да гласа за уставните измени

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоки, вечерва во Кичево кажа дека Европа и светот прават стратегија како да ги натераат 44 пратеници на партијата да ги изгласаат уставните измени.

„Ќе работиме чесно, одговорно и посветено за граѓаните, тоа се современите патриоти. Нема веќе современи патриоти кои ќе напишат 3-4 статуси на Фејсбук. такви нема веќе. На дело, кои ќе ги засикуваат ракавите за ВМРО-ДПМНЕ и пред се за Македонија. Се останато е лага“, изјави Мицковски.

Тој рече дека  додека ова го зборува  сме соочени пред историски предизвик.

„Европа, Светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и оние 44 пратеници да изгласаат предавнички уставни измени. Немојте да мислите дека Ковачевски, Ахмети или Османи се тие, и немојте да мислите дека е лесно. Не е лесно. Силна борба се води за да се одбрани честа на македонскиот народ кои овие корумпирани, ситни владини функционерчиња го продадоа македонскиот народ. Ќе се бориме, не знам дали ќе успееме, можеби нас ќе не нема, но ќе се бориме, и ќе издржиме и јас ветувам, уставни измени под бугарски диктат нема да има, тоа го имате од мене како ветување“, изјави Мицковски.

Мицкоски ги повика сите граѓани за да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја има честа да го брани и одбрани можеби еден од  најмалубројните народи во Европа, тоа е македонскиот народ. И колку да ви кажуваат било какви романтични предлози и идеи дека ќе направиме вака и така, верувајте тие ве мамат“, нагласи Мицкоски.

Поврзани новости