764
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во изјава за грчката телевизија Антена ги охрабри премиерите на Македонија и Грција да го решат спорот за името.
-Во двете земји има позитивна атмосфера, како што реков, не знам која е причината за оваа позитивна атмосфера, но верувам дека постои причина за тоа, можеби треба да ги прашате премиерите на Македонија и Грција. Чувствувам дека во општеството во Македонија има позитивна атмосфера. Како што реков, ние ги охрабруваме – момци ве молиме, продолжете и најдете решение кое ќе биде достоинствено за двете земји, рече Мицкоски.