Кире Лазаров подготвен за настап против Чешка!

by fokus

Македонскиот капитен Кирил Лазаров ќе може да настапи на вечерашниот дуел со репрезентацијата на Чешка на Европското првенство во Хрватска.

Од таборот на македонската репрезентација стигна веста дека докторите успеаја да го оспособат, но нема да се ризикува со неговото играње по секоја цена. Лазаров ќе влезе во игра доколку за тоа има потреба, за да биде целосно подготвен за утрешниот дуел со Данска.

Македонија има шанса за полуфинале доколку вечерва ја совлада Чешка, а утре ја победи и Данска. Доколку победи само вечерва, тогаш сигурно ќе игра за петто место на првенството.

Поврзани новости