Мицкоски замина кај Груевски по инструкции за референдумот, велат од СДСМ

by fokus

Денеска видовме дека Мицкоски повторно е во Будимпешта веројатно по нови инструкции од неговиот ментор Груевски, а со единствена цел како да се однесува во овој момент поврзано со барањето за референдум, велат од СДСМ на новинарско прашање за обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека опозициските партии се инсталации на власта, но и по неговата посета на Будипшета каде се сретна со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан.

-Мицкоски и Апсиев не успеаја во нивните намери, нивните лаги и црни сценарија пропаднаа. Сега се излоирани во обидите да се создадат нови пречки на европскиот пат на државата. Причините за тоа треба да си ги бараат кај себе.

Цениме дека можеби оваа тематика е само за кулоарите на ВМРО-ДПМНЕ и единствено за внатрешна употреба на ВМРО-ДПМНЕ во нивата бела палата, можеби имаат прашање и што ќе биде со можниот референдумот што ќе биде со изборот за новиот претседател во ВМРО-ДПМНЕ, односно за определени членови во нивниот Извршен комитет?, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Поврзани новости