Мицкоски: Загреб истата противпожарна скала ја платил 800.000 евра, а Шилегов 1.700.000 евра

by fokus
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го продолжи препукувањето со градоначалникот  на Скопје, Петре Шилегов. Мицкоски тврди дека градот Загреб набавил иста противпожарна скала како град Скопје, но за двојно пониска цена.
-На страна емотивните излети на Шилегов, ајде малку за фактите.
Зошто невешто се обидува да ја манипулира македонската јавност и скопјани? …, хммм 🤔. Знам, еве зошто, на пример моето европско Скопје, сакав како европски Загреб да купи од истиот производител скала со иста должина, обесена на иста каросерија како на пример во европскиот Загреб (слика 1, 2 и 3). Се прашувате која е разликата?
Паааа вака, покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата противпожарна скала за двојно повеќе од Загреб. Се извинувам ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка. Ама очигледно имаме се, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала со целосна дополнителна опрема за помалку од 800.000 € (https://ted.europa.eu/udl… ), но ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000€, пишува Мицкоски.
Тој додава дека криминалците ќе одговараат за секоја кражба и секое расфрлање со народни пари.

Поврзани новости