Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, дел од медиумите дури пренесоа дека за да одиме напред треба да ја признаеме “историската вистина”. А историската вистина според источниот сосед била дека имаме бугарски корени, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.
-Не е тоа вистина, туку политика. Проблемот е Заев кој не прави ништо да ја застапи нашата вистина, а таа непоколебливо говори дека Делчев е Македонец, македонскиот индентитет е наша посебност врз која имаме исконско право и европска иднина која ни ја должат. Дали би прифатиле нешто поинаку? Сега кажувам и нека остане за во иднина запишано… НИКОГАШ!, напиша Мицкоски.
Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во интервју за Ројтерс рече дека Бугарија не го оспорува правото на самоопределувањето на Северна Македонија, но дека бара да ја признае историската вистина.