Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг од Струга го спореди Зоран Заев со Никола Груевски.
-И да не биде така се е потонато во лаги, очекував кампањата да ја почнат занимавајќи се со мене и го слушам вчера Зоран Заев во Битола го започнува митингот, поминуваат неколку минути не ме спомнал се уште, јас сум во исчекување, кога ете ти го после 10-тата минута прво ме споменува мене, па потоа го споменува мојот претходник Груевски. И така четири години, четири години една те иста приказна, те Груевски, те Христијан. Четири години лаги, четири години конструкции, измами. Човеков имам впечаток како да е опседнат со Груевски, повеќе наликува на Груевски од Али Експрес, така ми наликува. Триесет години, триесет години, најлошото на политичката сцена е собрано во овој политичар, рече Мицкоски.