Мицкоски: Заев ќе каже ќе носел мигранти затоа што тука немало работна сила

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при вечерашните средби со граѓаните ја критикуваше власта за иселувањето на младите од земјата.

-Не само што не ги вратија одамна отселените, туку дополнителни стотици илјади наши сограѓани ја напуштаат Република Македонија, па потоа ќе го слушнете Зоран Заев онака храбро, недалеку од Новаци тука од прилепско, ќе каже ќе носел мигранти затоа што немало работна сила. Човек не знае дали да се чуди, дали да се смее или да плаче. Ваква трагедија и комедија во исто време ниту Шекспир не можел да напише што Заев може да смисли, рече Мицкоски.

Поврзани новости