Силјановска: Интонирање на химна без текст е противзаконски

by fokus

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг од Битола порача дека интонирање на химната без текстот е противзаконски, бидеќи според закон химната има и текст и музика.

-Далеку сме од владеење на правото, не се справуваме со корупцијата и криминалот. Непотизмот прецвета, стручната администација ја нема, а во ЕУ не се оди без неа. ЕУ вели дека ќе ги казнува земијте членки кои ќе ги кршат правилата на правната држава. Епа како ќе добиеме датум? Хан вели следувала подготвителна фаза за преговори. Па до кога ќе се подготвуваме? Сега веројатно ќе велат дека ЕУ си има сопствени проблеми, треба да го среди сопствениот двор. Химната си има и текст и музика и тоа е во Законот. Она што денеска го слушаме, химна без текст е противзаконски. Затоа мислам дека треба да ги предупредиме на почитување на правото. Никогаш не сум помислувала дека ќе прифатам ваков предизвик. Не можев да спијам, се думав, неколкупати се откажував. Не затоа што не сум храбра, туку поради одговорноста, рече Силјановска.

Поврзани новости