Жалам што за вакво крупно прашање како Законот за јазиците не се земаат предвид аргументите и фактите, туку практично се погазува Уставот и по секоја цена се обидува да се донесе закон кој не е уставен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео обраќање до јавноста.
– Бидејќи ваков клучен закон се настојува да се донесе без дебата и разговор со опозицијата, да се игнорираат забелешките од претседателот на државата, само за да се задоволат одредени политички апетити јасно е за каков случај на пазарење на сметка на уставот и законот имаме. Уште еднаш повторувам дека Зоран Заев ќе ја има поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во обезбедувањето на парламентарно мнозинство, и стабилноста на владата само да не потпаѓа под уцените кои се на штета на државата и да не го донесе неуставниот закон – вели Мицкоски.