Мицкоски за вчерашниот настан: Секојдневно се менуваат протоколите, затоа не ги знам!

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека вработените во угостителскиот објект вчера не го предупредиле дека е забрането да биде во објектот.

-Секојдневно се менуваат протоколите, затоа не ги знам. Јас веќе се извинив и ќе сносам одговорност – рече Мицкоски, додавајќи дека добро си поминал во кафана, каде, според негови кажувања, сите го поздравуваат.

Тој додаде дека додека ручал со пријателите дошле голем број на припадници на МВР, што, според него, делувало како во објектот да се наоѓал терорист.

-Сигурен сум дека Жерновски и Заев ќе бидат најсреќни да ме нема на политичката сцена. Ќе имаат трас-трас судство, бизнис со марихуана… но ќе почекаат да не го видат Христијан во политиката, ќе го победам Заев на избори и ќе му покажам како се води државата – истакна Мицкоски.

Поврзани новости