767
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не даде оценка за вчерашниот прв предизборен ТВ дуел со неговиот политички противник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, туку остава граѓаните да судат.
-Не би било пристојно јас да давам оценка, оставам граѓаните да судат, едноставно се забавував додека разговарав со господинот Зоран Заев, изјави Мицкоски во Охрид.
Вчера се организираше првиот ТВ дуел на двајцата политички противници пред изборите кои се закажани за на 12 април.