Беше тоа конструктивна и пријателска средба помеѓу стратешки пријатели, САД како наш најголем и најзначаен стратешки партнер и Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за што разговарале со Габриел Ескобар.
Мицкоски посочи дека го искажале ставот на партијата и уште еднаш потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат.
-Ги аргументиравме нашите позиции, го кажавме нашиот став го потврдивме и аргументиравме. Зошто тој став е таков, зошто ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат. Морам да признаам бев зачуден дека оваа влада покрај тоа што има нула легитимитет, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница како САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрефираме за време на состанокот и за време на средбата со Ескобар и амбасадорката Агелер, рече тој.