587
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма на прашањето што ќе направат за Преспанскиот договор, рече дека тој е реалност, но не треба да им се забрани на граѓаните да сонуваат за исправање на неправдата.
-Преспанскиот договор е реалност. Ние можеме да кажеме кои се опциите како може да се смени договорот. Не треба да им се забрани на граѓаните да сонуваат за исправање на неправдата. Договорот е реалност и не можеме од тоа да избегаме, рече Мицкоски.