Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, го изнесе својот став за синоќешната лидерска средба со владејачката СДСМ. Тој порача дека во иднина има простор за да се продолжат преговорите.
„Свесно чекав СДСМ да изнесе манипулативни брифинзи за лидерската средба вчера. Измислици кои имаат за цел дефокусирање на вниманието. Овие невистини можев да ги претпоставам и не треба човек да биде паметен за да сфати како размислуваат површни луѓе како тие вчера пред мене. Нивната целокупна работа може да стане предмет на истрага на обвинителство. Сите знаеме дека не се чисти и до гуша се во корупции и криминал. Вистина е дека главната борба е да се заштити Зоран Заев и луѓето од власта за одговорност од кримииналите. До доцна во ноќта имавме слика од очајник, потопен во криминал и блед како крпа. Заев сака да може тој да контролира, да заташкува случаи. Тој водеше битка за бегање од одговорност на својата фамилија и соработници. Да не се стигне нити до Кирацовски, нити до Ременски. Затоа Заев сака озаконување на криминалот во сопствените редови. Предметите од СЈО да ги пренесат во Јавно обвинителство. Вака Заев си купи уште некој месец мир, но одговорност ќе има. Соочување со правдата е неминовен процес“, рече Мицкоски.