Мицкоски: Русковска му треба на Заев, за да може да го штити од криминалот!

by fokus

Вилма Русковска е потребна на Заев, за да може да го штити поради сторениот криминал. Ова го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор во врска со вчерашната лидерска средба.

„Доколку сакаме договор, мора да ги почитуваме законите. По престанок на мандатот на јавната обвинителка, престанува и мандатот на нивните помошници. Ниту во еден момент, Јовески, откако ќе ги превземе предметите, не го спречува истите да ги прераспредели на своите матични обвинителства. Сите оние лица, коишто имаат засновано работен однос да бидат прераспределени во државната администраија. Сите оние кои засновале работен однос на определено време, остануваат без договор и остануваат без работа. Треба тимот на новиот обвинител да го предели Совет на јавни обвинители, а не Мицкоски или Заев, со цел ова обвинителство да гони висока корупција. Затоа им е потребна Русковска за да ги заштити Заев за сторениот криминал. Зоран Заев го одби нашиот предлог да новиот обвинител се занимава со корупција на избрани лица. Нема да го тужам Заев или да се заканувам со тужби. Еден „свиркач“ во ВМРО-ДПМНЕ ги донесе исказите кои се дадени кај обвинителката која го води „Рекет“, но и наредбите. Тука моето име го нема. Внимателно ќе го набљудуваме развојот на настаните. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити нивниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите документи во интерес на јавноста“, рече Мицкоски.

Поврзани новости