Мицкоски за изборот на судии во Апелација: Oва се последни грчевити обиди да се постави уште некој партизиран обвинител и судија!

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Скопје, во коментар за новиот избор на судии во Апелацискиот суд, поради што може да се дојде до застарување на судски предмети истакна дека тоа се последни грчевити обиди на власта да се постави уште некој партизиран судија и обвинител, мислејќи дека на тој начин ќе си обезбедат амнестија и неказнивост за криминалот кој што до сега го направиле.

„Тоа е октроирано обвинителство и судство. Oва се последни грчевити обиди да се постават уште по некој партизиран обвинител и судија мислејќи дека заедно со измените во Кривичниот законик ќе обезбедат амнестија и политичка неказнивост за сиот криминал и злодела што ги направија овие шест години. Но залудно е сето тоа, залудни се овие обиди на оваа власт во заминување, бидејќи следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, владеењето на правото, исто така, го става како еден од главните, ако не и најглавен врвен приоритет во работењето“ – рече Мицкоски.

Поврзани новости