Мицкоски за Фокус: Ако сакаат поддршка за градоначалници, албанските партии да ги почитуваат Македонците

by fokus

Во најмалку 10 од 13 општини во кои ќе победат кандидати за градоначалници од албанската заедница, доколку ја сакаат поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери, ќе мора да го почитуваат достоинството на Македонците и на помалите етнички заедници, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за најновиот број на неделникот Фокус.

-Еве, ексклузивно ќе откријам за вашиот весник, дека најмалку што можеме да побараме од нашиот иден коалициски партнер, кој пледира да ја добие поддршката за градоначалник во овие (мешани) средини, е да ги почитува Македонците и другите помали заедници. А, да го видиме тоа на дело, најмалку што можеме да се договориме е претседавачот на Советот да биде од втората по големина заедница, а тоа е, на пример, во Тетово или во Гостивар, да биде Македонец – рече Мицкоски.

Тој вели дека во таа насока не разговарал со албанските опозициски партии, но ги повикува сите македонски партии и партиите на помалите етнички заедници да се придружат на инцијативата на ДПМНЕ, затоа што, истакнува лидерот на оваа партија, само на тој начин нема да се чувствуваат како граѓани од втор ред во својата држава.

Целото интервју прочитајте го новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости