Дваесетина загинати во ултрамаратон во Кина

by fokus

Дваесет и еден учесник во ултрамаратон во Кина ги загубија животите откако трката во која учествувале била зафатена од екстремни временски услови.

Силен ветер, град и леден дожд удриле по луѓе во ултрамаратонот од 100 километри по текот на жолтата река, туристичка локација во провинцијата Гансу.

Трката била запрена откако дел од 172-цата учесници исчезнале и започнала голема спасувачка операција. Од нив, 151 учесник на трката биле спасени, а 8-мина се повредени.

Преживеаните учесници изјавија дека временската прогноза најавила ветер и дожд, но ништо ниту приближно екстремно како невремето кое следувало.

Три часа по почетокот на трката започнале градот и ледениот дожд, што довело до драстичен пад на температурите. Дел од луѓето изгубиле контакт со трасата, заради лошата видливост.

Повеќе од 1.200 спасувачи учествувале во спасувачката операција со дронови и радари.

Поврзани новости