Мицкоски за бојкотирачите на референдумот: Тоа е гласно малцинство со чиста идеја, кое некој го контаминираше со лажица фекалии

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју на телевизија Сител ги подели ставовите за референдумот во три групи, а оние кои се за бојкот ги нарече гласно малцинство.

-Има едно таканаречно гласно малцинство. Тоа се луѓето кои главно имаат повеќе изразен патриотски набој, луѓето кои се поекстензивно национално осознаени, кои имаат чиста мисла, а од одредена страна ја изгубиле довербата во институциите кои ги управува СДСМ и Заев. Тие велат како да му веруваме на Заев дека ќе спроведе кредибилен референдум. На овие луѓе некој од страна им залепи луѓе кои ќе ги контаминираат. Тоа би го опишал како буре со најчистата вода на светот, кога ќе им стават лажица фекалија. На оваа чиста идеја, на луѓе кои сакаа да го изразат својот револт на начин на кои се опредилиле, вие им лепите определена структура преку таканаречени партии кои ја контаминираат целата идеја. Тогаш вие се доведувате до ситуација дека ако вие бојкотирате ќе ви стават равенство на таа лажица, рече Мицкоски.

Инаку, едни од партиите кои гласно се залагаат за бојкот на референдумот се партиите на Солза Грчева и Јанко Бачев.

Поврзани новости