Изгоре борова шума кај месноста Брежје во Делчево

by fokus

Околу 15 декари дабова шума, смрека и висока трева, гореше попладнево во месноста Брежје во близина на Делчево.

Како што информираат од ТППЕ Делчево, пожарот бил пријавен во 13:15 минути по што веднаш било пристапено кон негово гаснење.

– По дојавата од совесни граѓани, во 13:25 екипите од противпожарната еднициа излегоа на терен и за краток временски период го локализираа пожарот. За акцијата беа ангажирани две пожарникарски екипи со две противпожарни возила односно шест пожарникари, истакнаа од ТППЕ Делчево.

Од ТППЕ додаваат дека во близина на пожарот имало повеќе пчелни сандаци и вила, додека најблиското населено место било на поголема одалеченост. За среќа како што вели дежурниот вработен во делчевската противпожарна единица, пожарот е лоциран на време и навреме е изгаснат без притоа да се направи штета на објектот и пчелните сандаци.

Поврзани новости