Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од неговата партија Даниела Арсовска, ќе победи на изборите, бидејќи, според него, таа може да обедини и да направи суштински промени.
-На нашата прва средба во неа препознав исклучително мотивиран и храбар лик, којшто е подготвен да се фати во костец со проблемите и да ги решава. На анкетите го препознавме и увидовме потенцијалот којшто таа го поседува, зборувам нумерички во поддршката која ја ужива кај граѓаните, и тоа кај оние граѓани кои се надвор од партиските матрици, без разлика дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или друга партија – истакна Мицкоски.
То додава дека ВМРО-ДПМНЕ е реформирана партија, истакнувајќи дека 90 отсто од пратениците во парламентот и кандидатите за градоначалници се нови лица.