484
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук најави нова прес конференција во која како што рече, ќе презентирал нов скандал за власта.
„Вистинското лице на власта е она кое е полно со скандали, криминал и неработа. Тој канцер метастазира. Животот дојде само за неколкумина додека сите останати го живеат тешкото секојдневие. Денес ќе објавам нов скандал за начините и методите по кој работи власта, за како само со неколку потписи и постапки се вртат милионски суми на пари и како се користат функциите дадени од граѓаните за лични бизниси и енормни заработки. Следете ме во 13 часот“, пишува Мицкоски.