Пратеникот Алими во суд побара преведувач на албански јазик

by fokus

Изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева побара денеска адвокатот Еленко Миланов во случајот „Титаник 3“.

-Катица Јанева како граѓанин на Република Македонија и корисник на буџетски средства може да се смета за оштетена во конкретната постапка. Имено, во врска со овој предмет била изготвена наредба за запирање на истражната пстапка за Блерим Мухагеми и Кани Точи, кои потоа станале сведоци. Со запирање на оваа истражна постапка се доведува до сериозен сомнеж за непристрасноста во постапувањето во конкретниот предмет, истакна адвокатот Миланов.

Обвинителот Гаврил Бубевски пак, истакна дека барањето за изземање е недоволно и побара истото да биде отфрлено.

-Кога е донесен Законот за Специјално јавно обвинителство, законодавецот од нему тогаш познати причини ја отфрлил можноста за изземање на специјалниот јавен обвинител. Затоа нема кој да одлучува по ова барање, односно не постои надлежен орган кој може да ја изземе, беше дециден обвинителот Бубевски.

Судијката Оља Ристова даде пауза за советот да донесе одлука по поднесеното барање. Во овој случај, обвинети се двајца функционери на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури.

Гури пред судот истакна дека не му треба преведувач, додека Алими побара преведувач од македонски на албански јазик.

В.В.

Поврзани новости