587
За прашањето на името, односите со Русија и западните земји, како и барањето за амнестија, интерпелација на владата и внатрепартиските односи во ВМРО-ДПМНЕ, разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието, ќе се врати на голема врата. Доколку одлучи да се врати првиот момент што ќе го направи е ќе поднесе интерпелација за работењето на Владата, каде што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги образложат сите оние злоупотреби и грешки што оваа владејачко мнозинство во изминатите десет месеци и ги нанесе на нашата татковина, а ќе можеме да видиме како владејачкото мнозинство ќе одговори на тие прозивки“ – истакна Мицкоски.