Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе зората која ќе ја направи Македонија напредна

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на партискиот Општински комитет во Чаир од каде порача дека Владата создава црнила и ја одзема слободата.

-На удар е секој слободномислечки поединец, на удар е народот кој осиромашува, му се отежнува животот, на удар се граѓаните на кои им ветуваа живот, а има само црнила, на кои им ветуваа 500 евра просечна плата, а сега има само беда, на кои им ветуваа чист воздух, а сега имаме воздух кој убива. На удар е и ВМРО ДПМНЕ зошто така мислат дека ќе може полесно да крадат, да имаат простор да не обезличат и понижат како држава, и за да не се зборува за сите оние разочарувања кои ги направија и лаги кои ги кажаа. Но треба да знаат дека овие црнила кои сите ги гледаат ќе бидат најголемиот тег, најголемиот камен на сопнување на оваа црна власт. Најтемно е пред зората, но и зората ќе не осветли, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе таа зора која Македонија ќе ја направи напредна, подобра и горда, рече Мицкоски.

Поврзани новости