Кевин Харт нема да ги води Оскарите поради хомофобни ставови

by fokus

Иако пред два дена беше соопштено дека домаќин на доделувањето на наградите Оскар на 24 февруари 2019 година ќе биде Кевин Харт, тоа сепак нема да се случи. Причината поради која Харт нема да ја води престижната церемонија се неговите твитови, во кои изразува хомофобни чувства и ставови.

– Донесов одлука да се откажам од водењето на Оскарите. Искрено се извинувам на ЛГБТ заедницата за моите невнимателни изјави во минатото. Жал ми е што ги повредив тие луѓе, рече популарниот актер и комичар за објавите од пред десетина години.
Претходно, на Инстаграм тој објави видео во кое тврдеше дека Академијата на филмски уметности му поставила ултиматум: да се извини или да се повлече од местото водител на церемонијата.
Без оглед на сè, Кевин вели дека е благодарен на можноста и изрази надеж дека во иднина ќе добие можност да ја води церемонијата. 

Поврзани новости