Мицкоски: Власта спроведе масовен поткуп, ВМРО-ДПМНЕ има кредибилитет да состави влада!

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се обрати пред јавноста, откако го избегна синоќешното соочување, по пребројувањето на гласовите. Тој денеска обвини за поткуп од страна на власта, потенцирајќи дека опозицијата однела победа во повеќето општини. Разликата во гласови, според Мицкоски, е десетина илјади.

-ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ. Ако ги одземеме гласовите од БЕСА, СДСМ има два пратеници помалку од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија победија во 41 општина, потенцираше Мицкоски.

Посочи на Скопје, Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, Македонски Брод, Велес, Кратово, Свети Николе, Штип, Неготино, Прилеп, Струга и други места.

Тој обвини и за поткуп.

-Овој резултат е постигнат во едни тешки околности. Власта спроведе масовен поткуп. Страницата на ДИК не функционира, а добиваме информации дека сомнително се броени гласовте. Сето ова ми дава за право дека ВМРО-ДПМНЕ има кредибилитет да состави влада, рече Мицкоски.

Тој додаде дека денеска разговарал со претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, кој му кажал дека секој записник се проверува рачно, по што ќе излезат со конечни резултати.

Поврзани новости