Резултатите од првиот круг претседателски избори претворени во пратенички места покажуваат 53 мандати за ВМРО-ДПМНЕ во новиот парламент, но нашите очекувања се дека ќе имаме по еден пратеник плус во секоја изборна единица на парламентарните избори на 8 мај – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 вели дека актуелните анализи покажуваат зголемување на бројот на гласови за претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова и за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Очекуваме, врз основа на нашата симулација и нашата аналитика во секоја од изборните единици, да качиме по еден пратеник, дури и во шестата изборна единица. Таму ни требаат околу 4 015 гласа плус. Од овој број што го имаме, од 17 илјади и нешто ни требаат уште 4 015 гласа повеќе.
Очекувам Силјановска да има 500 илјади плус, да освои повеќе од 500 илјади гласови, а коалицијата ‘Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ да има 55 плус, повеќе од 55 пратеници, рече Мицкоски.
На прашањето, тие два плус манадати од кого би ги земале, Мицкоски вели:
-Јас реков дека очекувам во секоја изборна единица по најмалку еден да качиме, длабоко во себе верувам дека ќе дојдеме и до бројка од 58-59. Некое поконзервативно сценарио е 55 плус.