Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите.
„Почитувани припадници на Ромската заедница, дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да им го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.
Овој ден ја потврдува почитта на Ромската заедница и нивната култура. Почитувањето на културните вредности и меѓусебното разбирање кои се наша одлика за интегрирање на сите етнички заедници.
ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и во иднина ќе се залага за унапредување на политичката, културната и социо-економски позиција на Ромите во општество. Потребна е ефикасна инклузија на Ромите во Република Македонија за да се надминат предизвиците со кои тие се соочуваат.
Државата мора да се вложи себе си многу повеќе во поддршка на граѓаните.
Во овие тешки моменти за нашата земја посакувам добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Ромите и за сите граѓани на Република Македонија.
Нека Ви е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!, напиша Мицкоски.