Пристига медицинска помош од Турција

by fokus

Турција се приклучува на помошта за балканските земји со медицинска опрема, наменета за борба со корона вирусот.

По наредба на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Министерството за здравство подготви заштитни маски, заштитна облека и тестови за корона вирусот за Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Материјалите биле натоварени во воен карго авион што полетал од Анкара кон Србија. Од Белград авионот ќе слета и во Сараево, Подгорица, Скопје и Приштина.

Поврзани новости